Реклама
Македонија

Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта

Во Собранието денеска ќе се одржи Едукативната активност „ИМАМ СТАВ“ наменета за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе се одржи Едукативната активност „ИМАМ СТАВ“ наменета за ученици од средните училишта.

Како што информираат од собраниската прес-служба, учесници на едукативната активност ќе бидат учениците од СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола.

Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието.

Реклама

Целта на едукативната активност е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост.