Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Попов од годишното собрание на МАНУ: Борбата за македонскиот јазик не е завршена

Подобрување на односите со соседите преку културна и научна соработка, посебно министерство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобрување на односите со соседите преку културна и научна соработка, посебно министерство за високо образование и наука, измени на Законот за МАНУ, подобра имплементација на реформите во судството како и обединување на клиниките во еден универзален клинички центар. Ова се дел од реформите кои ги предложи првиот човек на МАНУ кои би требало да бидат приоритет на државата, а со нив очекува решавање на тешкотиите во процесот на преговорите со Европската Унија.

„Европскиот пат е наша единствена правна и реална опција бидејќи пред се ние сме европејци и исто така  иЕУ е свесна дека европскиот континент никогаш нема да биде комплетен без западен балкан и затоа во овие геостратегиски и воено политички околности на европскиот континент и на глобално ниво, проширувањето на ЕУ повторно станува приоритет кои не смееме да го пропуштиме.“

Првиот академик посочи и дека македонскиот јазик е единствениот национален јазик во Европа без свои национални колекции на јазични податоци. Алармира- тие се неопходни за развој на голем број поддисциплини во лингвистиката.

Реклама

Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. Потребно е и воспоставувањето на правилна употреба на македонскиот јазик како официјален јазик за меѓусебно разбирање на сите граѓани на државата, согласно со општоприфатените меѓународни прописи во светот и во ЕУ.

Ману го одржа 59тото годишно собрание на кој беа истакнати предизвиците и успесите за изминатата 2025 година како и проектите кои треба да се реализираат во текот на 2026 година. Институтот денес претставува столб на градењето на македонскиот идентитет, јазикот  и историјата на македонскиот народ.