Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка

Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка бележи десетина интервенции во исто толкав…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка бележи десетина интервенции во исто толкав број денови од почетокот на месецот, најголемиот број пожари се на отворено во кои се опожарени шуми и е причинета голема материјална штета, па апелираат на крајно внимателно однесување на граѓаните, особено периодов кога се расчистуваат земјоделските поседи.

-Периодов со убаво, сончево време е период што во нашиот регион населението го користи за расчистување на земјоделски поседи, па оттука како и минатата година, повторно март носи зголемен број пожари на отворено, најчесто заради палење стрништа или движење на луѓето во шумските предели. Опожарени се шуми и пасишта, а неколку од пожарите биле закана и за постојни објекти за домување и викенд куќи, така што апелираме до граѓаните да бидат крајно внимателни и да ја почитуваат забраната за палење стрништа, како и да бидат одговорни при движење на отворен простор, да не фрлаат догорчиња од цигари или да палат оган на отворено, рече командирот на територијалната противпожарна единица Крива Паланка, Иле Коцевски.

Во изминатите три дена се регистрирани три пожари, едниот, во текот на вчерашниот ден во населба „Домачки дол“, каде е интервенирано со едно возило, тројца пожарникари и вработен во ЈП Македонски шуми – ПШС „Осогово“, а во гасењето учествувале и неколкумина мештани. Изгорена е мешовита шума.

Реклама

Пасишта и шуми биле опожарени и во двата други пожари на кои ТППЕ Крива Паланка интервенирала во неделата и понеделникот, во селата Мала Црцорија и Луке, каде е спречено и опожарување на викенд куќа.

-Упатувам уште еден апел до граѓаните и за редовно чистење и одржување на оџаци и димоводни канали, бидејќи сѐ почесто имаме и такви интервенции. Граѓаните да извршат проверка на оџаците, особено во таванскиот дел на објектите, да ги проверат отворите во собите и да користат сув огревен материјал, порача Коцевски со напомена доколку дојде до самозапалување на оџак, да не се презема ништо на своја рака, туку веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 193 или 112.