Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

МВР алармира: Измамници праќаат лажни „Сејф сити“ казни преку СМС – не отворајте ги линковите

Три различни иницијативи во врска со системот „Сејф сити“ денеска се пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три различни иницијативи во врска со системот „Сејф сити“ денеска се пред Уставниот суд. Сите иницијативи се споени во една. Уште пред официјалното воведување на системот на камери беше искажана загриженост од повеќе страни во делот на заштитата на личните податоци, како и за приватноста и слободата на движење. Системот „Сејф сити“ е во функција од 1 февруари, откако беа донесени измени на Законот за прекршоци.

Во меѓувреме, од полицијата информираат за лажни пораки наводно испратени од МВР за сообраќајни прекршоци кои стигнуваат до граѓаните. Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за „Безбеден град“ дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за сообраќаен прекршок. Притоа, се даваат насоки на која електронска адреса можело да се видат деталите за наводниот прекршок и се повикуваат граѓаните, ако ја плателе казната во рок од осум дена, истата ќе била намалена за 50 проценти. СВР Охрид ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки кои се класичен обид за измама.

„Апелираме граѓаните да бидат внимателни, добиените пораки и линкови да не ги отвораат, да не го контактираат испраќачот, да не споделуваат лични податоци и да не вршат уплата на парични средства“, велат од СВР Охрид.