Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM за време на светска криза сакаше да ја поскапи нафтата со еколошка такса за парите на граѓаните да завршат во џебовите на Филипче и Заев, ние тоа го блокиравме

Во време кога СДСM беше на власт, цените на нафтата, храната, електричната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време кога СДСM беше на власт, цените на нафтата, храната, електричната енергија одеа до плафон, куповната моќ на парите се намалуваше, а тогашната власт не мрдна со прст да помогне на граѓаните, се вели во сооштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Да потсетиме дека тогаш, СДСM на чело со Заев, сакаа да воведат и така наречена еколошка такса со која дополнително ќе ги зголемеа цените на нафтата и нафтените деривати за над 3,5 денари по литар, кои ќе ги плаќаа граѓаните, а тие пари ќе оделе за инвестиции во еколошки, обновливи извори.

Исто така, да ја потсетиме јавноста, фирма со земјиште во Дојран за производство на струја од фотоволтаици (обновливи извори) имаат Никола Филипче (брат на Венко) и Вице Заев.

Реклама

Овој предлог Закон на СДСM, Заев и Филипче ќе значеше дека 50-55 милиони евра ќе „оделе’’ во Буџетот на државата, а со оглед на тоа дека тогаш Буџетот на државата беше и паричник на СДСM, тие пари ќе одеа во фирмите на Филипче и Заев, поточно во нивните џебови.

Среќа за граѓаните, тогаш ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на животниот стандард на граѓаните и го блокираше овој предлог Закон.

Ете, како СДСM сакаше да биде „одговорна, зелена’’ партија, по стапките на ДУИ. Затоа се таму каде што се – во длабока опозиција.