Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Комисија за прашања на изборите и именувањата усвои решение за формирање комисија за селекција на кандидати за член на ДКСК

Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ги усвои решенијата за формирање Комисија за селекција на кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата и за остварување на плата по престанок на функцијата претседател и на член на Регулаторната комисија за домување.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, појасни дека утре истекува рокот од огласот за избор на член на Државна комисија за спречување на корупцијата. Комисијата за прашање на изборите и именувањата на Собранието, појасни, во рок од 10 дена од објавување на огласот формира Комисија за селекција на кандидатите за член на Државна комисија. 

Комисијата за селекција, според Сајкоски, е составена од седум членови, еден номиниран од Народниот правобранител, по еден претставник на здружение, односно фондација назначен за член во Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор за област, демократија и владење на правото и за област на медиуми и информатичко општество, како и по двајца претеници од власта и опозицијата.

Реклама

Членовите на Комисијата го разгледаа и едногласно го прифатија барањето за остварување право на плата по престанок на функцијата од поранешниот претседател на Регулаторната комисија за домување Зоран Маџовски и членот Башким Алили. 

Сајкоски информираше дека потпишал решение за престанок на апанажа на Миљазим Мустафа, поранешен член на Судскиот совет на Република Македонија, заклучно со 9 март годинава.