Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Почна реконструкција на стариот „Тромеѓански пат“ во Куманово

– Општина Куманово започна со реконструкција на улица „425“, позната како стар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Општина Куманово започна со реконструкција на улица „425“, позната како стар Тромеѓански пат, во населбата Иго Тричковиќ. Проектот, како што информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски опфаќа целосна реконструкција на трасата во должина од 1.540 метри, со што локалните власти очекуваат значително подобрување на сообраќајната инфраструктура и условите за движење на жителите од овој дел на градот. Според најавите од општината, во моментов се изведуваат градежни активности за машински ископ на постојниот слој на асфалт. По оваа фаза, предвидено е поставување дренажен канал, бетонски рабници, изградба на тротоари и асфалтирање на целата траса.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, информира дека реконструкцијата е дел од поширок пакет инфраструктурни проекти кои се реализираат со финансиска поддршка од Владата.

Проектот се реализира со средства обезбедени од Владата преку вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти, што според локалните власти овозможува побрза реализација на зафатите во општинската патна мрежа.

Реклама

-Работните активности се реализираат со финансиски средства обезбедени од Владата од вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти- посочи Димитриевски, додавајќи дека ваквите инвестиции се важни за подобрување на локалната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните.

Поради тековните градежни активности, од Општина Куманово информираат дека привремено ќе биде изменет режимот на општинскиот линиски превоз на патници на релацијата Бедиње – село Тромеѓа. Автобуската линија број 8 ќе сообраќа до и од автобуското стојалиште кај бензинската станица „Роси Петрол“, која се наоѓа на дел од регионалниот пат Р-1204, во близина на приклучокот со автопатот А2. Од општината појаснуваат дека ваквиот сообраќаен режим ќе важи сè додека не се создадат услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот на улица „425“, односно на патот кон селото Тромеѓа.