Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Клиниката за гинекологија и акушерство доби петгодишна акредитација за квалитет и безбедност

ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се стекна со сертификат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се стекна со сертификат за акредитација во важност од 5 години, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи (АКАЗУМ), се наведува во соопштението од  Клиниката за гинекологија и акушерство.

Ова е втор циклус на акредитација на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, со кој оваа здравствена установа после успешно спроведените активности за исполнување на организациските, безбедносните и терапевтските стандарди, за првпат го подигна степенот на исполнетост на стандардите од 3 на 5 години.

Во периодот помеѓу 2024 и 2025 година УК за гинекологија и акушерство спроведе постапки со кои се подобрија безбедносните услови за третман на пациентките:

Реклама

– инфраструктурни активности со кои дополнително се подобрија безбедносните услови за третман на пациентките

– набавка на современа медицинска опрема со цел модернизација на дијагностиката и третманот на пациентките

– воведени се четири нови медицински процедури за третман на пациенки

– спроведена едукацијата на 36 здравствени работници

– беше возобновено училишето за психофизичка подготовка за бремените жени,

– на секоја трудница и е овозможено безболно породување со цел обезбедување поквалитетна и посигурна здравствена грижа за секоја жена.

Акредитацијата на здравствените установи, согласно член 240 од Законот за здравствената заштита, претставува постапка на оценување на работата на здравствените установи врз основа на примена на оптимално ниво на однапред утврдени национални стандарди за работа на здравствените установи во одредена област на здравствената заштита, односно гранка на медицината.

Националните стандарди за акредитација на здравствените установи се изготвени согласно методологија на ISQ-ua (International Society for Quality in Healthcare) и се базираат на современите и светските концепти за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената грижа.

Главните цели на акредитација, се постојаното унапредување на квалитетот на работата, зголемување на безбедноста на пациентите, создавање на еднакви или приближни услови за пружање на здравствени услуги во целиот систем на здравствена заштита како и зголемување на довербата на корисниците во рамки на системот за здравствена заштита.