Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Петковска: Измените во Кривичниот законик се во насока на подобра заштита на ранливите групи

„Законите се солидни како што кажав, меѓутоа законот е делотворен онолку колку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Законите се солидни како што кажав, меѓутоа законот е делотворен онолку колку што е делотворна неговата имплементација. Во таа насока потребна е институционална координација, синхронизирано делување на сите институции коишто се засегнати, до кои се адресираат пријавите, правилна и навремена проценка на ризик“, истакна Лидија Петковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на една од националните телевизии.

Петковска нагласи дека измените на КЗ се токму во насока на подобра заштита на ранливите групи. Таа исто така додаде дека и мисијата на ОБСЕ изразила пофалба за Националната стратегија 2026-2033 година, потенцирајќи дека ќе се продолжи со работа интензивно и во периодот што следува.

„Ние имаме квалитетни закони, сега направивме измена на Кривичен законик, се во насока на подобра заштита на жените жртви на насилство и на ранливите групи. Во Министерството за внатрешни работи веќе се организираше тркалезна маса, исто така и во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Кога велам тркалезна маса, значи дека на една маса седнуваат сите чинители коишто можат да влијаат врз намалување на овие штетни појави. Како што се претставници од Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади, граѓанскиот сектор, оние практичари како што спомнав и претходно коишто точно знаат кои законски измени се потребни и законските измени ќе ги направиме. Најлесно е да смените закон, меѓутоа законот ако не може да биде имплементиран во пракса, ако нема доволно буџетски средства тогаш имаме само закон на хартија. Исто така мисијата на ОБСЕ изрази пофалба за Националната стратегија 2026-2033, така што се работи и ќе се работи интензивно во периодот што следува“, рече Петковска.