Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Алиу: Првпат во државата подготвивме национален план за справување со масовни жртви, усвоен е на владина седница

Министерството за здравство соопшти дека во соработка со повеќе надлежни институции подготви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство соопшти дека во соработка со повеќе надлежни институции подготви национален план за справување со масовни жртви, со цел справување со зголемени ризици од настани кои може да резултираат со масовни жртви – природни катастрофи, сообраќајни несреќи, индустриски инциденти, пожари и други вонредни ситуации.

Особено по трагичниот настан во Кочани, наведуваат од Министерството, евидентно е дека е неопходно изработка на сеопфатен план кој поставува институционални стандарди во координација, тријажа, транспорт и згрижување на повредените лица.
 
-Овој план, кој беше усвоен на денешната седница на Владата по предлог на Министерството за здравство, подготвен е со поддршка на Светската здравствена организација, а е усогласен со препораките на НАТО и стандардите на меѓународните здравствени регулативи. Со усвојувањето на овој план се овозможува намалување на смртноста и зголемување на преживувањето при масовни инциденти, унапредување на координацијата меѓу институциите и побрз одговор, подигнување на оперативната готовност на здравствените установи, развој на систем за обука, симулациски вежби и континуирано усовршување, појаснува министерот за здравство Азир Алиу.
 
Воедно, целта на планот е да обезбеди оперативни протоколи за стратегиско, болничко и предболничко ниво,  рационално користење и распределба на човечките и материјалните ресурси, односно национално усогласена рамка за координирано постапување при настани со масовни жртви, информираат од Минстерството.
 
Во процесот на изработка на националниот план за справување со масовни жртви, Министерството за здравство, како што се посочува, воспостави мултисекторски и мултидисциплинарен пристап, кој овозможи стручна, институционална и меѓуресорска координација, а беа вклучени Институтот за јавно здравје, службата за Итна медицинска помош, ургентните центри, Центарот за управување со кризи, министерствата за внатрешни работи и за одбрана, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, медицинските факултети, како и меѓународни партнери и експерти од СЗО.