Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Прилози

Мисајловски: Состојбата во земјата е стабилна, во постојана координација сме со сојузниците во НАТО

Воениот конфликт на Блискиот Исток станува сѐ поинтензивен и може да има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воениот конфликт на Блискиот Исток станува сѐ поинтензивен и може да има последици, пред сѐ врз економијата. Македонија, како земја членка на НАТО, е во постојана координација со сојузниците, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој посочи дека состојбата во земјата е стабилна и дека се преземаат сите неопходни мерки за подготвеност и заштита на државата, армијата и граѓаните.

„Секако ќе влијае на економијата, пред сѐ. Ние сме земја членка на НАТО, постојано сме со нашите сојузници, имаме една цел, а тоа е Македонија, се разбира и македонската војска и македонските граѓани. Ние ќе дадеме сѐ од себе да бидеме спремни“, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски посочи дека во тек е модернизација на Армијата. Се набавува ново оружје, а во наредните денови се очекува пристигнувањето на нови страјкери. При крај е и договорот со Франција за системите Мистрал. Освен во вооружување, ќе се инвестира и во реконструкција на армиските капацитети. Министерот Мисајловски изврши увид во градежните активности на два објекти во штипската касарна.

Реклама

„Постојано вложуваме во нови проекти. Овие два објекти чинат околу 1 милион евра, а паралелно вакви проекти ќе работиме во сите касарни. Околу 17 проекти очекуваме оваа година да започнеме, а во инфраструктурата оваа и наредната година планираме да вложиме околу 20 милиони евра“, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во однос на околу 1000 тужби од припадниците на Армијата за исплата на додатоци по основ на Колективниот договор, Мисајловски рече дека во изминатиот период се исплатени меѓу 15 до 20 милиони евра. Тоа се обврски кои не им биле исплаќани на војниците во последните седум до осум години.