Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Ќе се организира јавна расправа за Предлог‑законот за јавното обвинителство

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ја усвои Одлуката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ја усвои Одлуката за организирање јавна расправа по Предлог‑законот за јавното обвинителство, по иницијатива на пратеничката група на ВМРО‑ДПМНЕ и Коалицијата.

Претседателот на Комисијата, пратеникот Љупчо Пренџов, изјави дека законското решение претставува едно од најзначајните во тековниот парламентарен мандат, со оглед на тоа што, како што истакна, правосудството е „рак рана“ на системот, а особено функционирањето на јавното обвинителство.

-Ова е многу важен реформски закон. Независно од тоа од која политичка номенклатура доаѓаме, сите разговараме со граѓаните и сите знаеме дека токму јавното обвинителство е клучниот проблем поради кој бројни предмети не успеваат да стигнат ниту до судовите во Македонија. Затоа сметам дека реформирањето на обвинителството е суштински чекор и сериозен исчекор напред, истакна Пренџов.

Реклама

Тој посочи дека е горд што Комисијата за политички систем во овој мандат воспоставила повисок стандард во организирањето јавни расправи, по однос и на бројот и на квалитетот. Според него, целта е предлог‑законите да бидат подобрени уште пред второто читање во Собранието.

– Организираме јавна расправа на која што ги покануваме сите експерти од областа која што е предмет на оваа јавна расправа, покануваме професори и заинтересирани страни, како и невладини од граѓанскиот сектор, со цел да дадат едно свое видување до пратениците кои што потоа на второто читање да бидат поспремни за амандманската расправа, со цел да имаме уште подобро законско решение за она кое што е во моментот во Собранието, рече Пренџов.

Претседателот на Комисијата информираше дека координаторите на пратеничките групи веќе се известени да достават предлози за поканети учесници на јавната расправа, а точниот термин ќе биде утврден и објавен утре.

Тој појасни дека јавната расправа ќе се вклопи во роковите утврдени со новиот Деловник, а ги повика медиумите да присуствуваат на јавната расправа, со цел јавноста директно да се информира за ставовите и насоките на реформите во обвинителскиот систем.