Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Пратеничката Василевска на состанок на Комисијата за политички прашања и демократија на ПССЕ во Монако

Пратеничката Иванка Василевска, во својство на заменик-шефица, денеска и утре учествува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката Иванка Василевска, во својство на заменик-шефица, денеска и утре учествува на состанокот на Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кој се одржува во Монако, во рамки на ротирачкото претстедателтсво на оваа членка со Комитетот на министрите на Советот на Европа.

Како што информираат од собраниската прес-служба, според дневниот ред, пратениците ќе ја разгледуваат Нацрт-резолуцијата за насилството и говорот на омраза против политичарите како закана за демократијата, а ќе дебатираат и за промовирањето на демократската безбедност во Европа преку т.н. мека моќ, за демократијата, човековите права и владеењето на правото во Иран, за зајакнувањето на слободата на изразување како императив за консолидација и развој на демократските општества, а ќе се разгледува и продолжението на Резолуцијата за сеопфатен, праведен и траен мир за Украина и безбедноста на европскиот континент, како и продолжението на резолуцијата и препораката за зајакнување на односите меѓу Советот на Европа и Латинска Америка.

Комисијата за политички прашања и демократија има 85 членови, пропорционално распределени меѓу националните делегации. Оваа Комисија се смета за клучен „политички мотор“ на Парламентарното собрание на Советот на Европа, со оглед дека ги оценува барањата за членство до Советот на Европа преку проверка на усогласеноста со демократските принципи, владеењето на правото и човековите права и предлага активности за нивно промовирање, а ја испитува и состојбата на демократијата и функционирањето и развојот на демократските институции во Европа. Исто така, се занимава со геополитички прашања, надворешни односи и партнерства, како што е статусот на Партнер за демократија и иницијативи за зајакнување на демократијата.

Реклама

Во рамки на Комисијата, ќе се одржи и состанок на Поткомисијата за Западен Балкан, која се фокусира конкретно на политичките случувања, демократските процеси, регионалната соработка, безбедноста, стабилноста и перспективите за интеграција на регионот на Западен Балкан во Европската Унија.