Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Мисајловски од Штип: Сериозни инвестиции во воена опрема и оружје, ќе започнеме со нов План за набавки за Армијата

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата Армија набавува воена опрема и оружје. 

-Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме една цел, а тоа е Македонија, се разбира македонската војска и граѓаните. Ние ќе дадеме се од себе да бидеме спремни. Набавуваме и ново оружје постојано, еве за неколку дена ќе ги видите и новите страјкери што пристигнаа во државата. Но, паралелно очекуваме огнена моќ дополнително да стигне од повеќе држави, при крај сме со договорот со Франција ги очекуваме мистралите, хаубиците пристигнаа во Македонија. Треба да пристигне првиот хеликоптер. Ова се навистина сериозни вложување во текот на оваа година, која можеби е и најтешката на Министерството за одбрана за да ги исплати сите овие работи-изјави Мисајловски.

Министерот за одбрана, Мисајловски рече во иднина ќе има сериозни инвестиции и во наредните 10 години ќе се издвојуваат многу средства за одбраната Тој додаде дека ќе започнат и со нов План што е најважно да се купи во наредните години.

Реклама

– Верувајте дека тоа се милиони и милијарди што треба да ги издвоиме како Министерство за одбрана, дирекно да бидат нови вложувања во Армијата-рече Мисајловски.

Прашан дали се намалуваат тужбите од страна на припданиците на Армијата за исплата на додатоци по основ на Колективниот договор, Мисајловски одговори потврдно оти се намалуваат, а во минатото ова министерство се соочувала со околу илјада тужби, кои чинеле повеќе од 15 до 20 милиони евра. Тој вели дека најголемиот дел од обврските што претходно не биле исплатени сега се подмирени. 

-Многу се намалени тужбите, се разбира дека постојано можат да се случат од различен тип. Но, она што беше навистина тешко, 1.000 тужби во минатото, тоа се сериозни пари над 15-20 милиони евра што на контото на министерството тие тужби беа доставени. Ние ги исплативме . Исплатено е се она што порано не се исплаќало, исплатено е се она што опфаќа по Колективен договор и гледаме да нема причина повторно да има тужби-вели Мисајловски. 

Тој истакна дека како министер го почитува Колективниот договор и како што рече „ќе седнеме со сите да разговараме и тоа да го надминеме, но најважно е да се почитува Колективниот договор“.