Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Македонија организира чартер-летови за евакуација на граѓани од Дубаи, Катар и Кувајт

Првата група македонски граѓани денеска ќе биде евакуирана од Дубаи кон Скопје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првата група македонски граѓани денеска ќе биде евакуирана од Дубаи кон Скопје, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Во наредните денови се организирани вкупно четири чартер-летови од регионот на Блискиот Исток, со кои ќе се евакуираат македонски државјани од повеќе земји, меѓу кои Катар и Кувајт.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека, според последните податоци, амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација.

Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Кралството Саудиска Арабија.

Реклама

Министерството ги повикува и останатите македонски државјани во регионот, доколку имаат потреба, да стапат во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва.