Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Мисајловски со честитка за 8 Март: Жените се незаменлив дел од системот на одбраната и безбедноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, по повод 8 Март – Меѓународниот ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената испрати честитка до сите жени, припаднички во составот на македонската Армија и во Министерството за одбрана.

– Жените се незаменлив дел од системот на одбраната и безбедноста. Со својата професионалност, посветеност и одговорност, тие секојдневно придонесуваат за јакнење на капацитетите на Армијата и за заштита на безбедноста на нашите граѓани. Нивниот ангажман и лидерство се силен доказ дека одбраната е област во која знаењето, способноста и храброста се поважни од сѐ, истакнува Мисајловски.

Министерството за одбрана, како што посочува Мисајловски, останува посветено на создавање еднакви можности, поддршка на професионалниот развој и унапредување на улогата на жените во одбранбениот сектор.

Реклама

На крајот од пораката, министерот им се заблагодари на жените за нивниот придонес, професионализам и посветеност во службата и им го честита празникот.