Реклама

Во новата сезона „Колегиум“ на Алфа ТВ – нов концепт, нова динамика и уште поактуелни теми

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Честитка од претседателот на Собранието, Гаши по повод Денот на учителот и албанското училиште

По повод 7 Март – Денот на учителот и албанското училиште, изразувам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 7 Март – Денот на учителот и албанското училиште, изразувам најдлабока почит и благодарност до сите наставници кои, со посветеност и високо чувство на одговорност, имаат незаменлива улога во образованието и формирањето на младите генерации, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Овој ден не го симболизира само почетокот на едно важно поглавје во историјата на албанското образование, туку претставува и признание за благородната мисија на учителот, кој преку знаење, воспитување и личен пример придонесува за изградба на поразвиено, поправедно и посовесно општество.

Училиштето и наставниците отсекогаш биле важни столбови во зачувувањето на јазикот, идентитетот и културата, всадувајќи кај младите генерации љубов кон знаењето, граѓанска одговорност и демократски вредности.

Реклама

Затоа, во име на Собранието и во мое лично име, ја изразувам мојата благодарност и почит кон сите просветители и вработени во образованието за нивниот драгоцен придонес во обликувањето на иднината на земјата, а воедно ја потврдувам и нашата посветеност за континуирана поддршка на образовниот процес.

Срдечни честитки по повод 7 Март – Денот на учителот и албанското училиште!