Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Ристовски: На навредите не им е место на спортските натпревари

Министерот за спорт Борко Ристовски смета дека навредите воопшто, и особено навредите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт Борко Ристовски смета дека навредите воопшто, и особено навредите по етничка основа, не треба да бидат дел од спортските натпревари и затоа, како што вели, сите заедно треба да работат на решавање на овој повеќедецениски проблем.

Министерството за спорт, додаде Ристовски, работи и веќе има одржано неколку состаноци со навивачки групи коишто се дел од спортските натпревари. 

– Мислам дека конечно треба да се надмине времето на проблемите на спортските натпревари и сите заедно треба да работиме на зближување на двата народа, да кажам, коишто се дел од, односно живеат во Македонија. Во таа насока Министерството за спорт оди чекор натаму. Ако сакате да ги делиме по етникум работите, Министерството инвестира  капитални спортски инвестиции во повеќе, да ги наречам албански средини, од кои бенефит ќе имаат албанските дечиња. Тие заедно со македонските дечиња треба на крајот на денот да создадат еден соживот. Затоа треба да направиме еден еден моментум каде и албанските и македонските дечиња заедно ќе играат, ќе се дружат, ќе растат заедно и на крајот на денот, можеби не оваа генерација, меѓутоа наредните генерации, ќе немаат такво нетрпение на спортските натпревари, рече Ристовски во одговор на пратеничко прашање на Халил Снопче.

Реклама

Министерот за спорт се надева дека за брзо време овој проблем ќе биде решен.

– Не може одеднаш, затоа што кажав дека е и повеќе децениски проблем, вели Ристовски.

Тој нагласи дека не би сакал овој тип прашања да се мешаат со етнички проблеми затоа што нема место за тоа.

– Проблемите со навивачките групи се повеќедецениски проблеми и мислам дека сите заедно треба да работиме на смирување на тензиите за полека да се намалува тој притисок и со тек на време тој притисок да исчезнува, затоа што навистина не е лесно му е на МВР, ни на претседателот на ФФМ, а на крајот на денот ниту на спортистите коишто се дел од таков немил настан. Јас навистина не сум бил на тој натпревар, но, можам да кажам дека како министер, како Министерство и како Влада, секогаш се залагаме и ќе се залагаме за тоа да нема насилство во спортот и посебно да нема етнички мешања и етнички поделби во спортот. Затоа што вие посочувате еден пример, меѓутоа јас можам да посочам уште барем најмалку три од спротивната страна и ако влеземе во дебата кој гого повеќе навредува мислам дека ќе биде една дебата без крај, рече министерот Ристовски. 

Апелира овој проблем да не се политизира, затоа што, како што истакна, не е на помош и не и оди во прилог ниту на Албанците, ниту на Македонците, ниту на било кој етникум којшто живее во државата.