Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со Илија Каров, претседател на Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче – Караман”

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претседателот на Кинолошкиот клуб „Македонско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претседателот на Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче – Караман“, Илија Каров, по повод условното впишување на расата Караман во регистрите на Светската кинолошка федерација, со што, таа стана дел од семејството на над 380 признати раси кучиња во светот.

Претседателот на Кинолошкиот клуб истакнал дека Караман не е само ново име во меѓународните регистри, туку симбол на истрајноста, љубовта и визијата кои повеќе од две и пол децении беа вложувани во афирмацијата на расата.

За обајцата, ова признание е значаен успех за македонската кинологија и за националното културно наследство.

Реклама

Претседателката упатила благодарност до Каров и до сите одгледувачи и поддржувачи кои посветено работеа на зачувувањето и признавањето на ова автохтоно македонско овчарско куче.

Таа нагласила дека Караман станува првото признато македонско овчарско куче со самостојно национално потекло, со што, дополнително се потврдува државата како земја со богато и автентично кинолошко наследство.

Според соговорниците, Караман ги отсликува спецификите на руралниот животот во македонските планини, како  силен и достоинствен чувар на стадата, но и смирен, интелигентен и лојален сопатник на семејството.

Сиљановска-Давкова сподели и лично искуство, истакнувајќи дека одблиску ја познава природата на оваа раса. „Караманката во мојот дом секојдневно потврдува дека станува збор за куче со изразен заштитнички инстинкт кон  домот и семејството”, рече таа.

Меѓународното признание е поттик за понатамошна грижа и поддршка во насока на трајно меѓународно признавање на расата.