Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Сиљановска-Давкова: Жените веќе не се исклучок во технолошките процеси, туку се нивни креаторки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на 24-часовната виртуелна конференција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на 24-часовната виртуелна конференција на Women in Tech, глобална организација насочена кон поттикнување на инклузија, разновидност и еднаквост на жените во  STEM професиите (наука, технологија, инженерство и математика). Како што порача, жените веќе не се исклучок во технолошките процеси, туку се нивни креаторки: истражувачки умови, основачки на стартапи, инженерки и визионерки, кои ја градат инфраструктурата на иднината. 

Според Сиљановска-Давкова, од Сиднеј до Скопје, од Берлин до Сингапур, од Њујорк до Токио, жените зборуваат, слушаат, споделуваат и испишуваат своја заедничка глобална приказна.

-Живееме во време во кое технологијата ја обединува планетата побрзо од кога било претходно. Во минатото, географијата ги одредуваше можностите, а денес знаењето, храброста и визијата ги надминуваат границите. Во таа нова географија што ја создава технологијата, не постојат центри и периферии на талентот, туку идеи што чекаат да бидат препознаени, поддржани и реализирани. Долго време многу жени работеа во тишина, во средини без паритетна застапеност, во институции каде мораа да се докажуваат двојно за да им биде признаен трудот. Денес, благодарение на нивната истрајност и визија, жените не се повеќе исклучоци во светот на технологијата. Тие се истражувачки умови, основачки на стартапи, директорки на компании, програмерки, инженерки, дизајнерки, визионерки. Тие ја создаваат инфраструктурата на иднината: од вештачката интелигенција до дигиталните платформи што ги поврзуваат луѓето и економиите, нагласи претседателката.

Реклама

Овој глобален тек, дополни, потсетува на една наспорна вистина, дека успехот во современиот свет не е индивидуална трка, туку дека секој напредок се темели врз споделено знаење, претходни искуства и меѓусебна поддршка.

-Кога една жена напредува, таа отвора простор за друга и кога една создава, таа го проширува хоризонтот за многу други. Денес, жените создаваат бескраен дигитален простор: алгоритми, истражувања и иновации што влијаат врз општествата. Тие повеќе не се гости во светот на технологијата, туку се негови креаторки. На девојките, кои денес го прават својот прв чекор во технологијата, сакам да им порачам дека иднината не е однапред напишан код. Таа се создава секој ден преку љубопитноста, креативноста и смелоста да се замисли свет што се уште не постои. Нека не дозволат никој да им каже дека нивните идеи се премногу големи или нивните амбиции премногу смели, зашто секој голем технолошки пробив започнал како нечија храбра мисла. За жените, вредностите отсекогаш биле темел врз кој се гради напредокот. Без оглед на расната, етничката или верската припадност, тие секогаш ќе стојат на страната на правдата, правото и човечкото достоинство, напомена Сиљановска-Давкова.

Се осврна и на женската солидарност и поддршка, кои, рече, се неопходни за да го поврзат знаењето со визијата за поинаков свет – свет воден од мир, толеранција, рамноправност и еднаквост, наместо машката потреба за доминација и супериорност.

Во обраќањето, Сиљановска-Давкова ја опиша конференцијата како „невидлива линија што го поврзува светот од една временска зона до друга, од еден континент до друг“, нагласувајќи дека ако некогаш географијата ги одредувала можностите, денес знаењето и храброста ги надминуваат границите.

Конференцијата, во траење од 24 часа, се одржа во текот на вчерашниот ден, поврзувајќи илјадници жени од различни континенти, кои преку знаење, искуство и солидарност испишуваат заедничка женска глобална приказна.