Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Македонско-француското партнерство и ЕУ-перспективата, во фокус на средбата Карапејовски – Ле Риголер

Координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан Карапејовски денеска остварил средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Ле Риголер и Маршето со Карапејовски разговарале за долгогодишното македонско-француско пријателство и соработка, особено на планот на културата.

Карапејовски го истакнал придонесот на македонските образовни институции во промоцијата на францускиот јазик и култура и му се заблагодари на амбасадорот за поддршката што ја дава Франција во различните области на меѓудржавната соработка. Тој ги истакнал приоритетите на ЗНАМ во Собранието, програмските заложби и специфичната функција на партијата и на пратеничката група како дел од владејачкото мнозинство, каде што функционира и како коректив на власта.

Реклама

Во врска со евроинтеграциите, била реафирмирана поддршката на Франција на патот на Македонија кон Европската Унија. Координаторот на ПГ на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија го истакнал ставот на пратеничката група и силната заложба за исполнување на обврските од реформската агенда во процесот, како клучен чекор во пристапувањето.