Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Општина Маврово и Ростуше објави јавен повик за доделување еднократен финансиски надоместок за студенти

Општина Маврово и Ростуше денеска објави јавен повик за доделување еднократен финансиски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Маврово и Ростуше денеска објави јавен повик за доделување еднократен финансиски надоместок за редовни и вонредни студенти, од оваа општина, за академската 2025/2026 година, кој сега изнесува 12 илјади денари, што е за две илјади повеќе во однос на минатата година.

-Согласно Правилник за утврдување на критериумите, условите и постапката за доделување финансиска поддршка, предложен од градоначалникот Онер Јакупоски, а усвоен од општинскиот совет, започнува процесот за поднесување барања за еднократна парична помош за студенти, кој е во висина од 12 илјади денари. Доставувањето на барањата и потребните документи трае до 20 овој месец, информираше Фикрет Ибраими, одговорен за односи со јавноста.

Според него за аплицирање потребни се важечки документ за идентификација (фотокопија од лична карта или пасош), потврда за редовен или вонреден студент (запишан парен семестар: II, IV, VI, VIII, односно X или XII за студентите по медицина), како и  копија од трансакциска сметка на име на студентот.

Реклама

-Основен услов за добивање на помошта е студентот да не е во работен однос. Барањето и потребните изјави се подигнуваат и пополнуваат директно во просториите на општината. Ги повикуваме сите заинтересирани студенти кои се жители на Општина Маврово и Ростуше, навремено да ја комплетираат и достават документацијата во општинската архива, посочи Ибраими.

Со цел мотивирање на младите да го продолжат школувањето на високо образовните институции и да се трудат редовно да ги полагаат испитите, оваа можност, почна да се аплицира од академската 2021/22 години, и до сега ја оствариле 84 студенти.