Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Почна отстранување на времени објекти на локалитет „Табакана“ во Куманово

Почна отстранувањето на дел од бараките на локалитет „Табакана“ во Куманово. Дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна отстранувањето на дел од бараките на локалитет „Табакана“ во Куманово. Дел од малкуте сопственици одлучиле самите да ги отстранат, соопштија денеска од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово.

-Како што ги идентификуваме сопствениците на времените објекти на локалитет „Табакана“, така ги издаваме записниците за нивно отстранување. Дел од нив самите одлучија да си преземат мерки, а во иднина кои нема да преземат тогаш општината ќе интервенира и ќе постапи согласно законот-изјавија од сектор за инспекциски надзор од општина Куманово.

Општина Куманово  ја почна постапка за отстранување на 52 времени објекти, на локација „Табакана“ во 2022 година.  Инспекторите тогаш  ги идентификуваа сопствениците на времените објекти и ги повикаа да се обратат во секторот за сите прашања. Постапката ја спроведуваше кумановската инспекција, врз основа на барањето на секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природа, со цел реализација на програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура и согласно планот на програми за развој на Општина Куманово. Постапката за отстранување на сите времени објекти ги опфаќа катастарските парцели во државна сопственост, лоцирани на булеварот „Октомвриска револуција“ и дел на улицата „Пионерска“.

Реклама

Локалитетот некогаш беше атрактивна локација за дуќанџии, но со тек на време ја загуби атрактивноста. На оваа локација за време на изборниот процес, актуелниот градоначалник и тогашен кандидат Максим Димитриевски вети дека нема да се изгради зграда туку, паркинг, детско катче и други урбани-рекреативни содржини.