Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Во среда почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој поради љубомора уби 79 годишна жена

Во Основниот суд Штип во среда, на 4 март со почеток во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Основниот суд Штип во среда, на 4 март со почеток во 9:30 часот, почнува судењето против 74-годишниот Д.А., обвинет за убиство на 79-годишната Б.Н. од Штип, потврди судијата кривичар и портпарол на ОС-Штип, Сашко Георгиев.

Убиството се случи лани, а дел од трупот на починатата жена беше пронајден закопан во дворот на обвинетиот. Според исказот кој го дал пред Основното јавно обвинителство Штип, мотивите биле љубомора и љубовни недоразбирања. По  убиената жена се трагаше неколку дена, а исчезнувањето го пријавила нејзината сестра.

Според податоците од МВР, на 24 октомври 2025 година, 84-годишната сестра на жртвата пријавила дека Б.Н. се оддалечила од домот. На 10 ноември, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на обвинетиот Д.А., при што биле пронајдени траги од крв и други предмети поврзани со убиството.

Реклама

По претресот, обвинетиот бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор. Дополнителните вештачења и разговори со обвинетиот довеле до детално објаснување на начинот на извршување на кривичното дело, се наведува во соопштението на МВР објавено на 16 ноември 2025 година.