Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

МНРиНТ: Над 400 граѓани побарале информации за евакуација, а 30 од нив се подготвени да го напуштат Блискиот Исток

Во сгласност со последните информации добиени од дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во сгласност со последните информации добиени од дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, повеќе од 400 граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, а 30-ина од нив изразиле подготвеност да ги напуштат земјите од Блискиот Исток прри првата можност, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

За граѓаните што се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и во Државата Катар, во согласност со информациите и насоките од надлежните институции, во моментот не постојат безбедни услови за евакуација. За македонските државјани што се наоѓаат во Израел, веќе активно се разгледуваат и координираат потенцијални алтернативи за нивно безбедно извлекување.

Како што нагласуваат од таму, со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација во зависност од развојот на состојбата.

Реклама

– Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните што изразиле подготвеност за тоа. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е во постојана комуникација со пријателските земји и меѓународните партнери со цел координирано и успешно спроведување на постапката – се вели во соопштението од МНРиНТ.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, како што се нагласува во соопштението, и натаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваат сите наши државјани што се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи. 

За дополнителни информации и помош на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

Амбасада на Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546