Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Институтот за класични студии на УКИМ бара латинскиот јазик да биде една година задолжителен за сите гимназијалци

Наставниците од Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет на УКИМ ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наставниците од Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет на УКИМ ја поздравуваат предложената концепција за гимназиско образование, но сметаат дека класичните јазици (латинскиот и старогрчкиот) се недоволно застапени и дека се деградираат.

Во допис до медиумите соопштија дека за нив е збунувачки и несоодветно што класичните јазици се сведени само на латинскиот (бидејќи старогрчкиот е сосема изоставен), кој се предлага како изборен предмет само во трета година средно образование.

-За жал, застапеноста и статусот на предметот Латински јазик и класична култура во предлог-концепцијата – изборен во трета година со една година изучување е несоодветен на потенцијалот што тој го има позитивно да учествува во постигнување на целите, начелата и задачите на гимназиското образование. Сметаме дека е неопходно овој предмет да биде задолжителен во една година за сите ученици. Со тоа учениците и матурантите од нашите гимназии ќе бидат поблиску до своите врсници од европските земји и ќе им се овозможи посоодветна подготвеност за успешни студии на повеќе студиски програми, се наведува во реакцијата. 

Реклама

Го нагласуваат значењето на класичните јазици во составувањето научни термини во сите научни дисциплини и поради тоа, велат,  е особено полезно и неопходно за учениците што ќе го продолжат своето образование на разни студиски програми. 

-Спознавањето на значењето на латинизмите ја подобрува писменоста на учениците и го подобрува нивниот капацитет да се изразуваат и да читаат стручна литература. Истражувањата покажуваат дека учениците што учат латински јазик полесно ги совладуваат другите наставни предмети и постигнуваат подобри севкупни резултати во учењето. Покрај тоа, изучувањето на класичните јазици докажано води кон развој на критичкото мислење и аналитички пристап во решавање на проблемите, сметаат професорите од  Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет на УКИМ.

Укажуваат и дека латинскиот јазик, во комбинација со класичната култура, е особено важен за проучување и разбирање на културното наследство од хеленистичкиот период што го има државата во кое има голем број споменици со епиграфи на латински јазик.