Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Љутков на меѓународен фолклорен фестивал во Свети Николе: „Тодорица“ е мост меѓу генерациите и народите

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Свети Николе го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Свети Николе го отвори Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ 2026.

Како што информира Министерството, во своето обраќање пред присутните Љутков истакна дека оваа  манифестација е значаен симбол на духовната сила, културната меморија и идентитетот на народите.

-Фолклорот не е само песна или оро, туку жив јазик на традицијата во кој се втиснати историјата и мудроста на предците. Фестивалот претставува мост меѓу генерациите и народите, културната различност не разделува, туку збогатува, рече Љутков. 

Реклама

Според него, ваквите настани ја зајакнуваат соработката и пријателството и придонесуваат за афирмација на земјата како простор на богато културно наследство.

-Љутков посочи дека Министерството за култура и туризам ќе продолжи и во иднина да ги поддржува манифестациите што ја негуваат автентичната традиција и ги поттикнуваат младите да ги чуваат своите корени, се наведува во соопштението.