Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Гаши – Бегај: Македонија и Албанија како пријателски земји делат вредности, визии и предизвици и се пример за соработка во регионот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со претседателот на Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Претседателот Гаши изразил задоволство од средбата и истакнал дека очекува пријателството и соработката што постои меѓу две земји во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува. На меѓународен план, како што посочуваат од собраниската прес-служба, двете држави имаат исти цели и интереси а тоа е членството во Европската Унија, меѓусебна поддршка како непосредни соседи и сојузници во НАТО и да ја продлабочуваат регионалната соработка.

Тој изразил очекување и надеж дека две држави заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција затоа што тоа е многу важно не само за Македонија и Албанија, туку и за останатите земји од регионот од Западниот Балкан. Во функција на промоција на парламентарната дипломатија и градење на билатерални парламентарни односи, претседателот Гаши истакнал дека одржува редовни контакти со колегите од Парламентот на Албанија и дека посетите на највисоко парламентарно ниво се одржуваат скоро секоја година.

Реклама

Претседателот Бегај истакнал дека Македонија и Албанија се две пријателски земји кои делат исти вредности, визии и предизвици и се пример за соработка во регионот. Потенцирал дека е подобрена соработка во многу сфери од заеднички интерес што е во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните во двете држави. Посочил дека останува определбата за уште поголема соработка особено во економската сфера.

Двајцата соговорници ја потенцирале важноста и улогата на Македонците и Албанците кои што живеат во двете земји и претставуваат мост на градење на стабилни и пријателски односи. Посочиле дека патничкото, енергетското и железничкото поврзување меѓу двете земји во рамките на Коридорот VIII ќе придонесе за уште поголема размена на луѓе, стоки и услуги за кои постои огромен потенцијал.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај се потпиша во Книгата на впечатоци и се обрати пред пратениците во Собранието.