Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Советот на Куманово усвои препораки за решавање на проблемот на кумановци кои работеа во Ирак и Авганистан

Советот на општина Куманово денеска усвои препораки кои ќе бидат упатени до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на општина Куманово денеска усвои препораки кои ќе бидат упатени до Управата за јавни приходи во врска со постапувањето при утврдување на даночни обврски за граѓани ангажирани во високоризични и воени зони во Ирак и Авганистан. Советниците на општината едногласно ги усвоија препораките со кои се бара ефективна и ефикасна соработка на институциите и фирмите каде што работеа кумановци за обезбедување точни и сигурни податоци, што ќе овозможат правично утврдување на евентуалната даночна обврска.

Меѓу препораките кои ги прочита претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска се и проверка на постојните меѓународни договори и можни даночни ослободувања за да се утврдат основи за евентуално даночно ослободување.

– Да се обезбеди навремено и тековно известување на сите засегнати граѓани за утврдените факти за постоење или непостоење на даночна обврска пред изготвување на конечните решенија за задолжување. Во случај на утврдување на даночна обврска пред изготвување на конечно решение и задолжување, кажа Ѓорѓиевска. Советот препорачува и разумен рок на плаќање, доколку се утврди задолжување и ги повика засегнатите да преземат други правни можности.

Реклама

Пред советниците, претставник од здружението „Правда за сите“, Зоран Наковски потсети на целата постапка за причината, како што велат неправедното утврдување на даночната резидентност и обврската за плаќање данок за приходи остварени надвор од државата, неземајќи ги предвид реалните околности на нивниот престој и работа во странство. Кумановци побараа надлежните да ги земат предвид доставените докази, пасошите и нивната отсутност од државата 183 дена.

Кумановци побараа признавање на доказите (пасоши, печати, потврди од работодавци), ревизија на решенијата, и усогласување на даночната пракса, укажувајќи дека не бегаат од плаќање на даноци и дека бараат правична и законска примена, но дека одредени зони се недостапни за целиот свет, не само за кумановци. Наковски рече дека проблемот почнал во декември, лани и кажа дека не бегаат од обврски, не бараат привилегии, туку еднаков третман, законитост и дека „товарот на доказ не може да биде ставен на самиот граѓанин и од граѓанинот да бара докази од воени конфликти и нефункционални системи што предизвикува недоверба во системот“. Од здружението кажаа дека не се бројка во систем туку луѓе со име и презиме кои заеднички придонесуваат за развој на локалната заедница и уште еднаш посочија дека никогаш не биле, ниту имаат врска со која било политичка партија.

Претставниците од различните политички партии во советот дадоа поддршка на кумановци.