Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Средба Димовска – Зомер: Поддршка за реформите и дигитализацијата на Собранието

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, оствари средба со амбасадорот на Швајцарската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, оствари средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер, на која во фокусот беа досегашната соработка, рефлексии на активности и планови и приоритети на Собранието за реформи.

Димовска, како што соопшти собраниската прес-служба, се осврна на плановите и приоритетите на Собранието за реформи што се спроведуваат преку собраниската служба, со акцент на донесената стратегија за дигитализација на Собранието 2026 – 2028, усвоениот акциски план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите 2025 – 2027, етичкиот кодекс за службата, е-регистарот, преку кој граѓанските организации се пријавуваат со свои податоци и сфери на интерес овозможувајќи им на работните тела директно да ги поканат на своите седници.

– Во согласност со функционалната анализа, преку која се согледаа клучните предизвици од организациски и функционален аспект во секојдневното работење на Собранието, се формираа нови одделенија за процена на влијание на регулативата и за стратешко планирање за навремено подготвување на стратешкиот план на Собранието, планирање на стратешките приоритети и нивна фискална процена – истакна Димовска.

Реклама

Генералната секретарка ги нагласи и успешното работење и достигнувањата на службата во Парламентарниот институт, Собранискиот ТВ-канал, како и обуките за јакнење на капацитетите на Службата и академско надградување, поддржано од Швајцарската Конфедерација преку НДИ.

Амбасадорот Зомер изрази задоволство од досегашната соработка и упати честитки за почнатите процеси нагласувајќи дека тие ќе бидат дополнително унапредени преку заеднички заложби. Тој ја нагласи значајната улога на собраниската служба во обезбедувањето натпартиски консензус, особено за законските решенија важни за евроинтегративниот процес на државата.