Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Бесими за повикот на Филков за куќниот притвор на Груби: Ние работиме по жалби, за предметот по хиерархија треба да решаваат вишиот и републичкиот обвинител

Во судскиот систем постои хиерархија и за овој случај има виш јавен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во судскиот систем постои хиерархија и за овој случај има виш јавен обвинител, кој ги следи конкретните предмети, а потоа и републички – изјави претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, денеска, во однос на вчерашниот повик на министерот за правда Игор Филков, Советот на обвинителите и Судскиот совет да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и кај јавниот обвинител за куќниот притвор на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Бесими пред почетокот на денешната седница на Советот на јавните обвинители на прашањето дали ќе расправаат за куќниот притвор на Груби, рече дека тие може да расправаат, но сепак има виш јавен обвинител, кој работи на конкретни предмети и додаде дека тие работат само по жалби.

– Слушав од медумите за прозивките, но ингеренциите на Судскиот совет и на Советот на јавните обвинители се поинакви, значи ние можеме да расправаме, но за тоа одлучуваат републичкиот и вишиот обвинител, значи таму има хиерархија – рече тој.

Реклама

На новинарско прашање колку е честа праксата на обвинителите да одредуваат мерка куќен притвор за лице што се бара со меѓуанродна потерница и дали тоа не се коси со одредени правила и норми, Бесими одговори дека тоа е став на Обвинителството, кое ја донело одлуката, и тој како претседател на Советот не може да каже ништо во однос на тоа. 

За прозивањето на Филков на оние што учествувале во процесот на носење одлука за домашен притвор, рече дека тоа е став на министерот, но додека дека смета оти не е во ред таковото прозивање со име и презиме и дека секој предмет треба да се гледа одделно. 

Министерот за правда вчера јавно ги повика сите одговорни за одредувањето мерка куќен притвор за поранешниот вицепремиер Груби нагласувајќи дека одговорноста за ваквата одлука мора да биде лоцирана со име и презиме. Тој ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и кај јавниот обвинител. Филков побара појаснување од јавниот обвинител Даниел Коцев, раководителот на Обвинителството, Анел Фидоски и од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски.

Во врска со денешното барање на Здружението на јавните обвинители до Собранието од денешната седница да ги повлече законските измени за платите на обвинителите, со кои се предлага изменување на коефициентите на начин што ќе се спречи натамошниот, како што се наведува во предлог-законот, непропорционален раст на нивните плати, Бесими рече дека го подржуваат барањето. 

– Не треба да стагнираме и сметам дека платите, како и за другите, треба да се покачат во согласност со законот. Ова прашање се актуализира секоја година, при што процентот на усогласување се намалува. Како Совет мора да ги поддржиме јавните обвинители – рече Бесими.

На дневен ред на денешната седница на Советот на јавните обвинители беше одлуката за утврдување на бројот на слободни јавно-обвинителски места во основните јавни обвинителства за наредните две години, разгледување и усвојување на годишниот извештај за работата на Советот за 2025 година, како и разгледување и усвојување на завршна сметка на Советот.