Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Средба Милошоски-Бунфорт: Македонија и Унгарија ги продлабочуваат билатералните односи

Македонија веќе две децении неправедно „седи на оградата“ на Европската Унија –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија веќе две децении неправедно „седи на оградата“ на Европската Унија – оценува Жолт Бунфорт , специјален претставник за Западен Балкан на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој после средбата со потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски кажа дека доколку процесот на проширување навистина се води по мерит-систем , Македонија и земјите од регионот одамна требало да бидат полноправни членки на Унијата. Бунфорт порача дека е време пристапниот процес да се забрза.

“Она што е важно е да видиме дека земјите од регионот, вклучително и Македонија, треба да станат полноправни членки на ЕУ. Тоа е сè што можам да кажам во моментот. За нас би било многу важно да се забрза овој процес и да им се даде на земјите шанса да станат членки на ЕУ. Доколку станува збор за мерит базиран пристап, мислам дека Македонија и регионот заслужуваат полноправно членство – рече Бунфорт во одговор на новинарски прашања по средбата. Сметаме дека е пародија што Северна Македонија „седи на оградата“ повеќе од дваесет години. Сега се обидуваме да направиме сè што е во наша моќ за да го забрзаме овој процес ” изјави Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Милошоски порача дека Унгарија безрезервно го поддржува проширувањето на Европската Унија, не само за Македонија туку и за целиот регион, кој, како што рече, предолго чека на исполнување на ветувањата дадени уште на Солунскиот самит во 2003 година.

Реклама

“Билатералните односи се на одлично ниво, во политичка смисла на зборот, но исто така она што охрабрува е што во однос на можните инвестиции и заеднички проекти и зголемување на трговската соработка исто така постојат конкретни проекти, кои се веќе во тек на реализација, и мислам дека тоа ќе ја засили и трговската и стопанската врска помеѓу Македонија и Унгарија” – рече Милошоски.

Потпретседателот на Собранието,најави дека двете земји ќе продолжат со интензивна билатерална комуникација. Истовремено,откри дека Унгарија покажува интерес за влез на телекомуникацискиот пазар во земјава, додека паралелно се разгледуваат и заеднички проекти во енергетиката.