Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ знаеле за криминалот на Груби и молчеле

По повеќе од година дена поминати во бегство, на граничниот премин Блаце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од година дена поминати во бегство, на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДСМ и ДУИ, Артан Груби. Поранешниот вицепремиер Артан Груби се поврзува со сериозен криминал и корупција во периодот на владеењето на СДСМ и ДУИ. Осомничен е за проневера во службата за случајот со „Државна лотарија“. Штетата на државата од неговите постапки е над 8 милиони евра со индиции сумата да биде и значително повисока, наведува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение

Во јавноста беа изнесени сомнежи дека заедно со тогашниот директор на „Државна лотарија“, Бајрами, биле спроведувани спорни тендерски постапки и исплаќани аванси кон деловни партнери.

Во СДСМ знаеле за криминалот на Груби и молчеле и не реагирале.

Реклама

За да опстане ден повеќе на власт, СДСМ ги толерирал злоупотребите што се случувале во „Лотарија“ под раководство на Бајрами, а под покровителство на Груби тоа го потврди и извештајот на ДЗР.

Јавноста очекува институционална разрешница.

Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет, а секој што постапувал спротивно на законот ќе мора да одговара во согласност со правниот поредок.