Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Ако се реализира процесот на постепена интеграција и станеме дел од ЕУ, Бугарија нема да може да стави вето – смета Мицкоски

Доколку земјавата стане дел од ЕУ во рамки на процесот на постепена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку земјавата стане дел од ЕУ во рамки на процесот на постепена интеграција, за која се повеќе се говори во Брисел, тогаш Бугарија нема да може да стави вето, бидејќи државата и формално ќе биде дел од Унијата, но под условите кои ги предивудва тоа градуално пристапување, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на евентуално бугарско вето доколку се реализира оваа нова иницијатива.

– Бугарија не може да стави вето, бидејќи тогаш и формално ќе бидеме членка на ЕУ, ќе бидеме на масата, а знамето на државата ќе се вее во Брисел, доколку тој процес се операционализира, одговори Мицкоски, по извршениот увид во изградба на автопатот Гостивар-Букојчани (Коридор 8).

Појаснувајќи ја иницијативата посочи дека важни ќе бидат два условљ, кои веќе се споменуваат во Брисел – заедничката надворешна и одбранбена политика и владеењето на правото, односно реформите што треба да се спроведат во овој дел. За нас, додаде, претпоставува дека ќе важи и трет услов, оној што го прифати претходната влада, измената на Уставот. 

Реклама
Владата функционира одлично, составена е би рекол од три коалициски субјекти од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата Вреди и од политичката партија ЗНАМ, изјави денеска премие

-Постојат две идеи и добро е што сме дел од двете. Првата идеја е откако ќе се постигне мировен договор во Украина и ќе започне реконструкцијата на Украина, таа формално, заедно со уште три земји од Западен Балкан, Црна Гора, Македонија и Албанија, да стане дел од овој план. Втората идеја е на тоа да се додадат и останатите земји од Западен Балкан, плус Молдавија, рече премиерот. 

Тој појасни дека ова би значело влез со многу заштитни механизми со цел процесот да биде побалансиран. Како пример за такви заштитни механизми ја посочи постојната земја-членка на ЕУ, Полска, за која рече дека таквите механизми во делот на земјоделството траеле 20 години, односно државата не можела да ги користи структурни фондови во таа област се до 2024 година.

-За нас би важел сличен принцип, како што ќе ги затвораме поглавјата, така постепено ќе се повлекуваат тие заштитни механизми. Нема да имаме право на глас, ниту право на комесар, но ќе можеме да учествуваме во работата на Европскиот совет и институциите во Брисел, истакна премиерот и додаде дека за овој концептот сè погласно се зборува.