Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Втор ден од конференцијата посветена на европската иднина на Западен Балкан во организација на Паневропската Унија на Македонија

Конференцијата на тема „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конференцијата на тема „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“ продолжува денеска во Скопје, со воведни обраќања и три панел дисусии, а на неа меѓу другите ќе се обратат премиерот Христијан Мицковски и поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Конференцијата, која е во организација на Паневропската Унија на Македонија, во соработка со Паневропската унија на Австрија, Фондацијата Ото фон Хабсбург и Институтот на регионите на Европа од Салцбург беше отворена вчера, при што свое обраќање имаше претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

На вториот ден од Конференцијата денеска воведни обраќања на конференцијата ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, претседател на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов и претседател на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ. 

Реклама

На конференцијата, како што наведува организаторот, ќе се одржат три панели. Првиот е Лидерски панел е на тема „Обезбедување на европската иднина на Западен Балкан: Лидерство, политичка посветеност, интеграција и регионална соработка во време на глобални предизвици”. Модератор на првиот панел е претседателот на Паневропската унија на Македонија и поранешен амбасадор во ЕУ, Лепавцов, а панелисти се претседателот на Меѓународната паневропска унија, Баришиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка, Амер Капетановиќ, претседател на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус и директорот на Фондација Конрад Аденауер-Скопје, Даниел Браун.

Вториот е Паневропска панел на тема „Проширувањето и стабилноста на ЕУ: како да се продолжи со Западен Балкан?”, со кој ќе модерира Ѓоко Вукановски од Паневропска унија на Македонија, а панелисти се Лепавцов, претседателот на Паневропската унија на Албанија, Генц Поло, претседателката на Паневропската унија на Црна Гора, Гордана Гуровиќ, поранешниот амбасадор на Србија во Европската Унија, Душко Лопандиќ и претседателката на Паневропската унија на Бугарија, Гергана Паси. 

Потоа следуваат кратки обраќања на претставниците на Паневропските организации од Европа.

Третата панел дискусија е на тема „Односите на Западниот Балкан и ЕУ во променлив политички, безбедносен и економски пејзаж”, а со неа ќе модерира амбасадорот Кире Илиоски од Паневропска унија на Македонија. Главен говорник е поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а панелисти се професорот од Економски факултет – Скопје, Љубомир Кекеновски, поранешниот вицепремиер за европски прашања и амбасадор, Ивица Боцевски, поранешниот премиер Емил Димитриев и професорот на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, Ветон Латифи.