Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Тошковски: Десет лица осомничени во истрагата за запленетите 40 тони канабис, двајца се во 48-часовен притвор

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека до Јавното обвинителство за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција е поднесена кривична пријава против 10 лица, осомничени дека се поврзани со нелегално производство и пуштање во промет наркотична дрога. Двајца од осомничените веќе се во 48-часовен притвор, а истрагата што ја води МВР во координација со Обвинителството е поврзана и со дрогата пронајдена во соседна Србија, за која постојат индиции дека потекнува од производствени капацитети за т.н. медицински канабис во државава.

Министерот Тошковски во гостување на една од телевизиите, истакна дека кривичната пријава е резултат на обемна истрага и преземени активности во изминатиот период.

-Во оваа фаза од истрагата е поднесена кривична пријава за 10 лица за кои имаме основано сомнение дека се директно или индиректно поврзани со нелегално производство и пуштање во промет на произведената дрога, посочи министерот Тошковски.

Реклама

Во рамки на контролите спроведени во производствени капацитети низ државата, одземени се околу 40 тони марихуана, за која надлежна комисија констатирала дека не била третирана во согласност со законските прописи.

-Индициите што ги имавме за нелегално производство, третман и чување се покажаа точни и затекнатата дрога, за која е утврдено дека не е третирана согласно закон, е одземена, нагласи Тошковски.

Министерот соопшти дека контролите покажале оти дел од компаниите работеле целосно законски и професионално, но кај дел се утврдени сериозни незаконитости, поради што марихуаната е одземена.

-Се поставува прашањето каде ќе завршеле тие 40 тони дрога доколку не ги одземевме, рече Тошковски. 

Во однос на случајот со заплената во Србија, Тошковски нагласи дека постојат докази кои упатуваат дека дрогата влегла од Македонија и дека истрагата се води во тесна соработка со српските надлежни органи. Суштинското прашање, како што рече, е и како толкава количина наркотична дрога влегла на територијата на Србија, имајќи го предвид начинот на функционирање на заедничките гранични контроли.

-Договорот кој го имаме за One stop-системот е така имплементиран што секоја гранична полиција на МВР, во рамки на граничната контрола, го штити влезот во Македонија, односно излезот на Србија и влезот во Македонија. Македонските полициски службеници се на овој граничен премин и тука го контролираат влезот во Македонија. На влезот во Србија го контролираат српските полициски службеници. Значи, не е прашањето како излегло од Македонија, туку како влегло во Србија. Тоа е во делот на Министерството за внатрешни работи. Во делот на надлежностите на останатите институции ќе видиме, ќе покаже истрагата, кажа Тошковски.

Владата го задолжи и Министерството за здравство и надлежната комисија, во соработка со МВР и другите институции, да извршат контроли во сите лиценцирани производствени капацитети, со цел целосно утврдување на фактичката состојба и санкционирање на сите незаконитости.

-Мора најбрзо што може да ја утврдиме фактичката состојба и да ја запреме хаотичната состојба што ја наследивме, подвлече министерот Тошковски и додаде дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со засилени контроли и активности за расчистување на сите случаи поврзани со незаконско производство и трговија со дрога.