Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Тошковски: од 120 000 прекршоци во тест перидоот на Безбеден град, сега се сведовме на 500

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во вечерашното гостување на една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во вечерашното гостување на една од телевизиите, рече дека е горд на имплементација на новиот систем „Сејф Сити“, и дека бројот на прекршоци драстично се намалил, односно од 120 илјади на почетокот од тест периодот, сега има само 500 прекршоци.

Тошковски кажа дека е завршено времето на дивеење и на брзо возење по улиците.

„На почетокот на тест периодот, бројката на прекршоци беше 120.000, додека денеска имаме прекршоци 500 до 600, 700 некој ден и 800, но далеку драстично помал број на прекршоци. Тоа се прекршоци за недозволена брзина, минување на црвено светло или со нерегистрирано моторно возило. Тие се тие прекршоци кои ги констатира системот. Во иднина ќе го имплементираме и за погрешно запирање и за погрешно паркирање. Нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој што не ги гледа придобивките од овој паметен систем. Го нема она дивеење по улиците, ги нема оние ненормални брзини, и тоа се гледа. Ја нема таа нетрпеливост. Бројките на сообраќајките се намалуваат, бројките на повредени и загинати се намалуваат, целта која сакавме да ја постигнеме и тоа како има одѕив од јавноста“, изјави Тошковски.