Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Андоновски наредната недела на средба со претставници на Здружението на инфлуенсерите

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска од Штип најави дека се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска од Штип најави дека се можни промени, односно законски измени, со кои се регулира работата на инфлуенсирите, а за што Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ) има донесено и правилник. 

– Постои правилник донесен врз основа на измените на законот од 2023 година, кој стапи во сила пред некој месец, со што се бара задолжителна регистрација на инфлуенсерите, ги слушнав и коментарите на новото Здружение на инфлуенсерите и мислам дека вреди да се дискутира за овие прашања. Да најавам дека можни се и промени затоа што не сметаме дека треба ригидно да бараме од креаторите на содржини да се однесуваат исто како и платформите за споделување на тие содржини, односно да бараме толку високи критериуми од страна на физички лица што повремено или постојано се занимаваат со оваа работа – изјави Андоновски.

Тој додаде дека инфлуенсерите ги споредува со колумнисти и, како што рече, ако не се бараат високи критериуми за регистрација и еден ригиден пристап кон креаторите на содржина во традиционалните медиуми, не гледа зошто би требало да има и толку ригиден пристап кон оваа група луѓе.

Реклама

Министерот Андоновски истакна и дека неформалниот водич, кој беше донесен, создал дополнителни недоразбирања.

– Беше донесен и еден неформален документ, наречен водич, кој донесе дополнителна забуна затоа што станува збор за неформален документ кој нема правна важност, а се сфати или се презентира дека е задолжителен за употреба за оваа група креатори на јавното мислење. Тоа создаде дополнително недоразбирање помеѓу едната и другата страна – рече Андоновски.

Министерот за дигитална трансформација Андоновски денеска од Штип најави средба со Здружението на инфлуенсерите за следната недела, на која ќе се дискутираат сите отворени прашања.