Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Јавна дебата на Универзитетот „Мајка Тереза“ за предлог-законот за високото образование

Јавна дебата за предлогот за нов закон за високото образование ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавна дебата за предлогот за нов закон за високото образование ќе се одржи денеска попладне на  Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Ова е една од серијата дебати кои, според најавата на министерката, ќе се одржат на универзитетите во државата за да се слушне мислењето на професорите за предложениот закон.

Тој е поставен и на Националниот регистар на прописи (ЕНЕР) за предлози и сугестии, а МОН отвори и посебни е-адреси на кои заинтересираните може да праќаат коментари во врска со овој закон и за предлог-законот за квалитет во високото образование, кој е исто така на ЕНЕР. 

Реклама

Министерката Јаневска пред три дена најави дека МОН ќе има средба со сите професори што ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе бидат дискутирани спорните членови.

Таа кажа дека јавната дебата за Предлог-законот за високото образование сè уште не е завршена и дека Министерството очекува официјални забелешки од универзитетите. Најави дека оваа недела, по договор со универзитетите, Министерството ќе оди во нивна посета на јавна расправа.

-Сè уште не е завршена јавната дебата, сè уште очекуваме забелешки. Сè што сметаме дека е разумно, ќе биде прифатено. Сè што сметаме дека можеби ќе претставува проблем, ќе биде дискутирано. Тоа значи средба на Министерството за образование и наука со сите професори што ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе ги дискутираме спорните членови и гледам дека во најголем број нема никакви забелешки. Спорни остануваат неколку членови за кои треба да се договориме и да дискутираме, изјави Јаневска во неделата за медиумите.