Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Поставена првата мерна станица за квалитет на воздухот во Дебар

За првпат во Дебар почна мониторингот на квалитетот на воздухот, откако благодарение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За првпат во Дебар почна мониторингот на квалитетот на воздухот, откако благодарение на Општината и Здружението „Регионален центар за одржлив развој и иновации RESET HUB Дебар“, во центарот на градот е инсталиран уред за мерење на квалитетот на воздухот.

Проектот е реализиран со средства обезбедени од Општина Дебар, во рамки на повикот за финансирање на невладини организации и спортски клубови за 2025 година, кога Центарот доби грант за оваа цел. Првата мерна станица е инсталирана на улицата „Елена Ѓика“, на плоштадот „Скендербег“, и е целосно оперативна со можност за онлајн следење.

Од Регионален центар за одржлив развој и иновации RESET HUB Дебар оценуваат дека ова е многу значаен момент за жителите на Дебар, бидејќи е директно поврзан со зачувувањето на животната средина и подобрувањето на квалитетот на животот. 

Реклама

-Втората мерна станица ќе биде инсталирана во наредните денови на периферијата на градот, на улицата „Јусуф Гервала“, што ќе ни овозможи да имаме споредбени податоци помеѓу централните и периферните области. Како организација, успеавме да обезбедиме доволно финансиски средства само за два уреди за следење на квалитетот на воздухот. Целта на овој проект е да се обезбедат точни и континуирани податоци за квалитетот на воздухот во нашиот град, така што граѓаните ќе бидат информирани во реално време и ќе се создаде сигурна основа за анализа и јавна свест, посочуваат од Центарот.

Во моментов се мерат следните параметри: PM₂.₅, PM₁, PM₁₀, PM₀.₃ (број на ултрафини честички), CO₂ (јаглерод диоксид), TVOC (вкупни испарливи органски соединенија), NOx (азотни оксиди), температура и релативна влажност.

-Значењето на мониторингот е транспарентност, реални податоци во реално време,  поддршка за носење информирани одлуки, подигнување на јавната свест, заштита на јавното здравје. Не можеме да управуваме со нешто што не го мериме. Ова е конкретен чекор кон поздрава и поинформирана заедница во Дебар, нагласуваат од „Регионален Центар за одржлив развој и иновација РЕСЕТ ХАБ Дебар“.