Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Можности за интензивирање на парламентарните контакти со Казахстан

Пратеничката група за соработка со парламентите на државите од Централна Азија денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката група за соработка со парламентите на државите од Централна Азија денеска одржа средба со амбасадорите на Република Казахстан, Киргистанската Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан и Туркменистан, акредитирани во Македонија.

Претседателот на пратеничката група, пратеникот Никола Коњановски, им посакал добредојде на присутните и истакнал дека ваквите средби претставуваат значајна можност за размена на ставови за актуелните билатерални односи и за унапредување на парламентарната соработка. Тој нагласил дека Македонија му дава особено значење на развојот на политичкиот дијалог, економската соработка и културната размена со земјите од Централна Азија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, работната средба продолжила со обраќањето на амбасадорот на Казахстан, Буршаков, кој ги презентирал уставните измени и реформите што се спроведуваат во неговата земја, со цел зајакнување на демократските институции, владеењето на правото и унапредување на човековите права и слободи.

Реклама

Во дискусијата учествувала и пратеничката Дијана Илиевска, која изразила задоволство што е член на Пратеничката група за соработка и за можноста да учествува на средбата. Таа му посакала успех на амбасадорот на Република Казахстан во процесот на уставните измени и реформите во земјата.

На средбата биле разменети мислења за можностите за продлабочување на економските, трговските, образовните и културните врски, како и за интензивирање на парламентарните контакти и размена на искуства меѓу парламентите.

Во дискусијата била нагласена улогата на Казахстан како важен фактор во Централна Азија и пошироко, особено во промовирањето на дијалогот, стабилноста и мултилатерализмот. Учесниците изразиле подготвеност за продлабочување на соработката на мултилатерално ниво.

Во насока на унапредување на парламентарните односи, било предложено воспоставување поинтензивна и редовна комуникација меѓу пратеничките групи за пријателство, организирање заеднички активности, работилници и тематски конференции, како и размена на делегации и експертски посети.

Соговорниците ја потврдиле заедничката заложба за понатамошно зајакнување на билатералните и парламентарните односи и за продлабочување на соработката преку размена на искуства во реформските процеси и евроинтегративниот пат на Македонија.