Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Средба Чуповска-Ристова – Павлин: Успешната македонско-словенечка одбранбена соработка ја зацврстува безбедноста на целиот регион

Државната секретарка во Министерството за одбрана Елизабета Чуповска-Ристова денеска се сретна со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната секретарка во Министерството за одбрана Елизабета Чуповска-Ристова денеска се сретна со државниот секретар во словенечкото Министерство за одбрана, Боштјан Павлин, кој престојува во посета на земјата. Чуповска-Ристова со државниот секретар Павлин разговараше за зацврстување на сојузничката македонско-словенечка соработка во клучните области на одбраната, како исполнувањето на НАТО-целите на способности, развојот на воената индустрија и активностите за приспособување на одбранбениот сектор на променливата безбедноста средина, информираат од Министерството за одбрана. 

– Словенија е докажан и доверлив партнер и сојузник. Минатата година имавме успешно реализиран план за билатерална соработка, a годинава планираме повеќе од 20 заеднички активности, меѓу кои и во делот на кризниот менаџмент и воено-наменската индустрија. Исклучително ја цениме вашата подготвеност за пренесување искуство во аквизициските процеси, кое е од голема помош за нас, како и во делот на засновување на стратешките документи во одбраната – рече Чуповска-Ристова на средбата.

Државната секретарка додаде дека земјата останува посветена на исполнувањето на НАТО-целите на способности, со што се зацврстува националната, но и регионалната безбедност, а истовремено се зајакнува и колективната одбрана на алијансата.

Реклама

– Убедени сме во потенцијалот за континуиран развој на нашата билатерална соработка – рече Чуповска-Ристова и додаде дека и двете земји успешно придонесуваат во зацврстувањето на безбедноста и стабилноста на НАТО.

Државниот секретар во словенечкото Министерство за одбрана, Павлин, се заблагодари за средбата и порача дека во Словенија имаме искрен партнер, пријател и сојузник, кој ќе продолжи да нè поддржува во развојот на одбранбените способности и капацитети. Во однос на планот за билатерална соработка за 2026 година, Павлин рече дека по неговото финализирање и потпишување, соработката меѓу нашите две земји уште повеќе ќе добие динамика, а со тоа и ќе покажеме дека заеднички градиме капацитети за зацврстување на безбедноста на нашите граѓани.

Македонско-словенечката одбранбена соработка датира од 1994 година кога е потпишан рамковниот договор за соработка меѓу министерствата за одбрана на двете земји. Билатералната соработка се реализира во повеќе области на одбраната, меѓу кои и заедничките вежби и обуки, експертски разговори, соработка во доменот на противвоздушната одбрана, логистиката и јавните набавки, военото разузнавање, НАТО-планирачкиот процес и друго.