Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Донација на компостери за училишта и јавни установи во Делчево

Во рамки на проектот „Регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на проектот „Регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ во Делчево се реализираше донација на компостери за компостирање на растителен отпад, со цел унапредување на еколошките практики и правилно управување со биоразградливиот отпад.

Компостерите се донација од компанијата Enviroplan, која е ангажирана како надзор во спроведувањето на проектот, а истите се распределени во две основни училишта, гимназијата, Здравствениот дом и детската градинка во Делчево.

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, истакна дека ваквите активности имаат долгорочна корист за заедницата и придонесуваат кон подигање на еколошката свест, особено кај најмладите.

Реклама

-Со оваа донација овозможуваме правилно управување со биоразградливиот отпад, намалување на количините отпад што завршуваат на депонија и создавање навики кај најмладите за грижа кон животната средина. Искрено сум благодарен за поддршката и верувам дека преку вакви чекори градиме еколошки свесна генерација и почиста општина- изјави Гоцевски.

Од Општина Делчево информираат дека поставувањето на компостерите е дел од пошироките активности за подобрување на системот за управување со отпад и промовирање одржливи еколошки решенија во јавните институции.

Преку вакви иницијативи, локалната самоуправа како што додадоа има за цел да го намали негативното влијание врз животната средина и да придонесе кон создавање поздрава и почиста средина за граѓаните.