Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Родителите навреме да ги вакцинираат децата, апелираат од Здравствениот дом – Куманово

Родителите навреме да ги вакцинираат децата, апелираа денеска лекарите од детскиот диспанзер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Родителите навреме да ги вакцинираат децата, апелираа денеска лекарите од детскиот диспанзер при Здравствениот дом – Куманово. Градот и натаму останува меѓу општините со најнизок опфат на вакцинација во државата. Засега нема пад на имунизирани деца, но далеку е под посакуваниот опфат од 95 проценти.

– За жал, Куманово сè уште стои на истото ниво. Процентот не паѓа, го одржуваме, но минимално успеваме да го зголемиме. Опфатот со МРП-вакцината изнесува речиси 40 отсто, што е далеку под потребните 95 отсто за колективен имунитет. Тимот на вакциналниот пункт континуирано ги повикува родителите, телефонски и со писмени покани – изјави д-р Валентина Богоевска-Димитриевска од диспанзерот во Куманово.

Додека во помалите општини, но и на ниво на целата држава опфатот достигнува и 95 отсто, па и повеќе, во поголемите урбани средини како Куманово бројките се значително пониски. Според началничката на одделението, „социјалните мрежи и дезинформациите имаат сериозно влијание врз одлуките на родителите“.

Реклама

–  Стручното мислење треба да се почитува. Постојат родители што доаѓаат загрижени, прашуваат, разговараат со нас. Ги охрабруваме да размислат и се радуваме кога повторно ќе ги видиме и ќе одлучат да ги вакцинираат децата – изјави д-р Богоевска-Димитриевска.

Минатогодишната епидемија на пертусис доведе до нагло зголемување на интересот за вакцинација против дифтерија, тетанус и пертусис. Тогаш, како што вели докторката, во пунктот имало редици од родители и деца. За родителите што одбиваат вакцинација или не се достапни вакциналниот пункт доставува списоци до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој постапува понатаму во согласност со законските процедури.

Од 2024 година вакцинацијата против ХПВ е задолжителна и за момчињата во седмо одделение. Според лекарите, одѕивот кај машките ученици е охрабрувачки. Опфатот со ХПВ-вакцината во регионот достигнува околу 50 отсто, што е значително подобро во споредба со МРП.

– Вакцинацијата е заштита не само на поединецот туку и на целото општество. За да бидеме безбедни и да имаме здраво општество, потребно е да го достигнеме потребниот процент – изјави докторката.

Здравствените власти сметаат дека е потребна засилена комуникација преку медиуми, училишта и директна работа со родителите за да се постигне повисок процент на имунизација во Куманово.