Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Со посредство на ОБСЕ финализиран Нацрт-договорот за заеднички гранични премини на македонско-албанската граница

Заедничката работна група меѓу Албанија и Македонија, поддржана од Мисијата на ОБСЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заедничката работна група меѓу Албанија и Македонија, поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Албанија, вчера успешно ги заврши преговорите за договорот за „Формирање заеднички гранични премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија и спроведување на заеднички активности за гранична контрола“, објави Мисијата на ОБСЕ.

„На средбата во Поградец учествуваа претставници на граничната полиција, правната дирекција, одделот за ИТ и царинската управа, со цел финализирање на нацрт-договорот. Овој момент означува важен чекор кон зајакнување на прекуграничната соработка, олеснување на законското движење и зголемување на безбедноста преку координирано управување со границите, стои во објавата.

Се посочува дека Мисијата на ОБСЕ останува посветена на поддршка на практични иницијативи ориентирани кон резултати кои ја унапредуваат регионалната соработка и придонесуваат за стабилноста и безбедноста во регионот.