Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Во сообраќајна несреќа на магистралниот пат А2 загина 25-годишник од кривопаланечкото село Нерав

Синоќа, на магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка, кај Старо Нагоричане,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синоќа, на магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка, кај Старо Нагоричане, се случила тешка сообраќајна незгода, во која загинало едно лице од кривопаланечкото село Нерав на возраст од 25 години, возач на едно од возилата учесници во незгодата.

Информацијата ја потврди Секторот за внатрешни работи Куманово, од каде што информираат дека, синоќа, околу 19.05 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на местото наречено Смилчинци, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна незгода.

– До несреќата дошло кога патничко возило „фолксваген голф“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот С. Т. од село Нерав, Кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивната сообраќајна лента. Тогаш дошло до директен судир со патничкото возило „бмв“, со кривопаланечки ознаки, управувано од 27-годишниот Ф. Ј. од село Длабочица, Кривопаланечко. Во несреќата тешки телесни повреди добиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А. С.(20) и С. Ј.(53), двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница во Куманово – информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Реклама

Младеновска потврди дека 25-годишниот возач од село Нерав, со иницијали С. Т., им подлегнал на повредите во Општата болница во Куманово, каде што лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од екипа на СВР Куманово.