Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Економија

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници

Министерството за транспорт информира дека во координација со Европската комисија се работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за транспорт информира дека во координација со Европската комисија се работи на трајно решение во врска со престојот на превозниците во шенген-зоната, како и дека ресорните министерства изминатиов период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде решение за проблемот.

– Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија, со цел изнаоѓање решение во рамките на новата визна стратегија што ја промовира Европската Унија, каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци, како и можностите за друг вид визи. Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС-системот и дека активно сите фактори работат на решавање на овој проблем – велат од Министерството за транспорт.

Дијалогот со Европската комисија, како што нагласуваат, е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската комисија.

Реклама

– Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение, кое е прифатливо за сите страни. Како Министерство, апелираме да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации, кои може да му наштетат на дијалогот, особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе. Македонија продолжува со дијалог за трајно решение – се вели во соопштението од Министерството за транспорт.