Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Безбедноста на децата на интернет е најважна, МО изработи водич за употреба на вештачката интелигенција

Сајбер криминалот во Македонија е во подем, девојчињата и воопшто младата популација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сајбер криминалот во Македонија е во подем, девојчињата и воопшто младата популација мора да научат како да се заштитат, посебно од сајбер насилството. Од Министерството за образование сметаат дека во оваа ера на дигитализација неопходно е децата во училиштата да се едуцираат за опасностите од компјутерскиот, односно интернет криминалот.

„Сајбер насилството е присутно насекаде, не само кај девојчињата, не само кај младите, туку и кај повозрасните. Цениме дека на овој начин прво младите ќе станат свесни и дека тоа ќе се пренесува. Второ, цениме дека ова треба да биде составен дел од наставниот процес, каде што учениците, штитејќи се сами себе, ќе го штитат и општеството. Безбедноста воопшто е значајна за сите, но сајберот е нешто што е во подем. Обичните задевања што беа во наше време сега преминуваат во сајбер криминал“, вели Елена Ивановска – државен секретар во Министерството за образование.

Треба да знаеме како да ја користиме вештачката интелигенција, која брзо се развива. Младите се присутни на социјалните мрежи, каде масовно ја користат токму вештачката интелигенција, не размислувајќи за опасноста која демне. Треба да знаат кои информации смеат да ги пласираат и до кој степен, вели Ивановска. Од таа причина, додава, направивме и водич за правилна употреба на вештачката интелигенција. Младите да знаат како да ги заштитат своите лични податоци, фотографии, посебно локацијата на која се наоѓаат.

Реклама

Министерството за дигитална трансформација, едно од поновите министерства, работи на дигитализација на услугите за граѓаните, што само по себе може да има и негативни импликации.

„Секоја дигитализација си носи негативни работи, односно напади на лични податоци, напади на лицата преку социјалните медиуми и затоа активно работиме да ги заштитиме граѓаните, нивните податоци, како и фирмите и нивните податоци“, вели Гордана Клинчарова, Министерство за дигитална трансформација.

Во рамки на Министерството за дигитална трансформација, со помош на проектот „Дигитална Европа“, е воспоставен национален центар за безбеден интернет. Преку овој проект се едуцираа децата, родителите, наставниците, потоа ранливите групи и лицата со посебни потреби како безбедно да користат интернет, а притоа да ги заштитат податоците. Што можат да постираат на социјалните медиуми, бидејќи голем дел од податоците може да бидат и злоупотребени. Инаку, во Охрид 150 средношколки од 10 училишта од Македонија беа дел од кампот за сајбер безбедност што го спроведува Британскиот совет во државите од Западен Балкан.