Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

(Видео) Мицкоски во Минхен се сретна со Зеленски: Мирот мора да биде изграден врз правда

Премиерот Христијан Мицкоски во Минхен оствари средба со претседателот на Украина, Володимир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во Минхен оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Како што објави на социјалните мрежи, на средбата се разговарало за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè за постигнување праведен мир.

„Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда и почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа“, наведува Мицкоски во објавата.

Реклама

Двајцата соговорници разговарале и за продлабочување на билатералната соработка, економската размена и заемната поддршка во процесите на напредок на државите.

Премиерот потенцира дека напредокот е можен кога постои визија, храброст и јасна определба, додавајќи дека Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, партнер на стабилноста и поддржувач на праведниот мир.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк, а видеото на следниот линк: