Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Делегација од Амбасадата на Грција во официјална посета на Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска прими делегација од Амбасадата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска прими делегација од Амбасадата на Грција во Македонија. На средбата присуствуваа амбасадорката Софија Филипиду и заменик-амбасадорката Кристина Василату. 

Како што информира Општина Кочани, на средбата се разговарало за актуелната состојба во Кочани, со посебен акцент на последиците од трагичниот настан во „Пулс“.

Амбасадорката Филипиду го информирала градоначалникот Грозданов за досегашната поддршка од Грција на Кочани по трагедијата, како и за активностите поврзани со психолошко-социјалната поддршка на ранливите групи погодени од несреќата.

Реклама

Во рамки на посетата, со познати уметници од Грција, денеска се одржуваат арт-работилници во просториите на ОМУ „Ристо Јуруков“ во Кочани, како дел од активностите насочени кон поддршка, заздравување и културна размена.

– Градоначалникот Грозданов изрази благодарност за солидарноста и континуираната поддршка од Република Грција, нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка во процесот на закрепнување на локалната заедница, се нагласува во соопштението од локалната самоуправа.